Фудбал
Меси или Роналдо? Артур го избра „својот“ капетан
Артур Мело е еден од ретките играчи кој во текот на својата клупска кариера има можност да ја сподели соблекувалната со Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Поранешниот играч за врска на Барселона и сегашен член на Јувентус зборуваше за главните разлики помеѓу аргентинската и португалската ѕвезда.
„Секој на свој начин покажува дека е лидер. Лео тоа го прави преку дела, на теренот тоа го прави кога ќе ја добие топката, со желба да постигне гол и да победи, се забележува“, изјави Артур.
„Крис е личност која сака да се изрази многу повеќе. Тој тоа го прави со гестови со раце, зборови. И кога ќе ја прими топката, тој веднаш сака да постигне гол. Тој е многу друштвен во соблекувалната. Се согласува со сите и разговара со сите“.
„Не сум негов пријател кој ќе оди кај него и ќе пие кафе, но имаме добри односи“.
Новинарите побараа од него избере капитен помеѓу Меси и Роналдо, тој се одлучи за неговиот сегашен соиграч.
„Тешко е. Еден постигнува пет гола на натпревар, другиот го прави истото. Обајцата се добри лидери. Но, јас го избирам Кристијано затоа што играме заедно“, низ смеа одговори бразилскиот играч за врска.