Connect with us

Фудбал

Меси ја имитираше позата на Марадона за време на прославата на голот, што сè уште се памети во Њувелс

Барселона денес ја победи Осасуна со 4:0 на домашен терен во натпреварот од 11. коло во Ла Лига, а натпреварот го одбележа Лионел Меси.

Имено, Меси постигна прекрасен погодок во 73. минута за конечни 4:0, но тој го воодушеви фудбалскиот свет со прославата на голот.

Меси го соблече дресот, а под него беше дресот на Диего Марадона кој Ел Пибе го носеше додека играше за Њувелс Олд Бојс.

Исто така, Меси ја имитираше посата на Марадона од презентацијата кога тој потпиша за клубот за кој навиваше Меси уште од дете.

Марадона помина само една сезона на крајот од својата кариера во Њувелс.

Facebook