Фудбал
Меси ја предводеше Аргентина до четвртфиналето на Светското првенство
Аргентина ја победи Австралија со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот, каде ќе игра против Холандија, која претходно во осминафиналето ги совлада Соединетите Американски Држави. Единствениот стрелец во првото полувреме беше Лионел Меси. Џулијан Алварез постигна гол во вториот, а Австралија ја намали негативата со автоголот на Енцо Фернандез.
Ова беше историски гол на Меси. Во првите половина час немаше реални шанси. Најпрво Аргентина ја држеше топката во нивни нозе, додека Австралијците беа повлечени на својата половина. Потоа ситуацијата се промени неколку минути и Австралија се закани по корнер во 29. минута. Хари Сутар со глава ја упати топката кон голот, но имаше премногу играчи пред линијата за да го блокираат обидот.
Меси изведе слободен удар од десната страна во 35. минута. Нафрлувањето не помина, но топката набрзо беше вратена во шеснаесетникот на Австралија. Николас Отаменди го смири во гужвата, а Меси како и многу пати во кариерата со левата нога ја смести топшката во долниот десен агол на голманот Метју Рајан.
GOOAAAALLL!
Messi scores in his 1000th game. It had to be!
🇦🇷 Argentina 1-0 Australia 🇦🇺#FIFAWorldCup
— DEAN FOOTBALL⚽ (@DEANFOOTBALL1) December 3, 2022
Против Австралија, Меси го одигра 1000. натпревар во кариерата, а ова му беше прв гол во нокаут фазата на Светското првенство. До крајот на полувремето немаше шанси, па Аргентинците со водство заминаа на одмор.
Поптоа следуваше големата грешка на австралискиот голман и шок за Австралија. Натпреварот беше решен во 57. минута кога Аргентинците високо го притиснаа противникот. Австралискиот голман Рајан ја прими топката во моментот кога кон него трчаа Родриго Де Пол и Џулијан Алварез. Рајан се обиде да помине меѓу двајцата, но направи голема грешка. Алварез му ја одзеде топката и ја турна во небранетиот гол за 2:0.
GOOAAAALLL!
A Mat Ryan nightmare lets in Julian Alvarez to easily tap in.
🇦🇷 Argentina 2-0 Australia 🇦🇺#FIFAWorldCup
— DEAN FOOTBALL⚽ (@DEANFOOTBALL1) December 3, 2022
Австралијците не беа опасни до крајот на натпреварот. Во 77. минута Крег Гудвин шутираше силно од прва од 25 метри. На патот кон голот, топката го допре Енцо Фернандез и на тој начин го измами голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, кој тргна во една, а топката во другата страна.
GOOAAAALLL!
Very fortunate but the Aussies won't care. A huge deflected strike out of nowhere
🇦🇷 Argentina 2-1 Australia 🇦🇺#FIFAWorldCup
— DEAN FOOTBALL⚽ (@DEANFOOTBALL1) December 3, 2022
Четири минути подоцна кон голот на Аргентина се упати Азиз Бехич. Тој помина неколку противнички играчи, пристигнувајќи пред автоголот на Аргентина. Шутираше силно, но Лисандро Мартинез го блокираше во последен момент и така го спаси својот тим од нерешен резултат.
До крајот Лаутаро Мартинез можеше да го зголеми водството на Аргентина во две добри прилики, но не беше доволно прецизен. Неговите пропусти речиси се покажаа многу скапи. Во седмата минута од судиското надополнување, младиот напаѓач на Австралија Гаранг Куол беше сам пред голот на Аргентина, но голманот Мартинез го спаси својот тим.