Connect with us

Фудбал

Меси: Не е баш дека живеам од головите, сакам да дојдам од страна, да бидам во контакт со топката и да создавам шанси

„Не е баш дека живеам од головите. Сакам да дојдам од страна, да бидам во контакт со топката и да создавам шанси, но секако и самиот да постигнувам голови, но тоа не ми е најважната работа во мојата игра“, изјави Меси и додаде:

„Научив да се регулирам внатре во играта и да го пронајдам вистинскиот момент. Постојат моменти во кои не морам ни да учествувам во активната игра и некоја акција, туку чекам некој вистински момент во кој мислам дека е подобро да се трошам и за кој мислам дека е тој кој морам да го искористам.

Многу читав и учев за читањето на играта, во кое време и каде да бидам влијателен и одлучен, а со текот на времето малку и го стекнав тоа искуство и знаење“, додаде Аргентинецот.