Connect with us

Фудбал

Меси не гласал за Левандовски: Прашајте го него зошто, ништо не сум му сторил за да ми биде лут!

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски изјави дека не му е лут на Лионел Меси бидејќи не му дал ниту еден бод во изборот за најдобра награда на ФИФА.

Левандовски во понеделникот ја доби наградата на ФИФА, пред Лионел Меси и Мохамед Салах. Полјакот вторпат по ред ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината.

По церемонијата медиумите објавија дека при гласањето Меси не му доделил ниту еден поен на Левандовски, туку ги избрал Нејмар, Мбапе и Бензема.

-Убави зборови ми кажа на доделувањето на Златната топка. Што се однесува до овој избор мора да го прашате. Не направив ништо лошо за да ми се налути. Се надевам дека се е во ред меѓу нас. Тоа е негов избор, рече Левандовски.

Левандовски пак, во гласањето Меси го ставил на второто место, а првото е за Жоржињо од Челзи.

-Жоржињо имаше неверојатна сезона, лудо е тоа што го направи со Челзи и Италија, објасни Левандовски.