Фудбал
Меси нема да се откаже од репрезентацијата
Суперѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, објави дека нема да се откаже од националниот тим по триумфот на Светското првенство во 2022 година.
„Нема да се откажам од репрезентацијата. Сакам да продолжам да играм како шампион“, најави Меси по финалето. „Успеавме на луд начин. Многу го посакував овој трофеј и знаев дека Господ ќе ми го даде. Имав чувство дека тоа ќе се случи на таков начин, сега треба да уживаме. Погледнете колку е убав трофеј. Страдавме многу, но успеавме. Не едвај чекаме да се вратиме во Аргентина и да видиме колку ќе биде лудо таму“, додаде седумкратниот освојувач на „Златната топка“.
Својата радост ја изрази и аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, кој имаше клучни интервенции за успех. „Многу настрадавме, израмнија со два лоши шута, па им зададоа уште еден пенал. Потоа си ја завршив работата, фала богу. Сонував за тоа, не можеше да биде подобро Светско првенство. Бев мирен во пенали“, изјави Мартинез.