Фудбал
Меси: Нема да се предадам, сакам да играм како светски шампион со Аргентина
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси ги демантираше гласините дека ќе се повлече од националниот тим на крајот на Светското првенство во Катар, кое „гаучосите“ го освоија со драматична победа над Франција во финалето.
„Не, нема да се откажам од репрезентацијата. Сакам да продолжам да играм како светски шампион во дресот на Аргентина“, изјави суперѕвездата на Албиселесте за TyC Sports по финалето.
Меси ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер на Светското првенство во Катар. На турнирот постигна седум гола и три асистенции.