Connect with us

Фудбал

Меси: Ова е срамота, три дена сме во Бразил, вас сега ви текна на вакви глупости!

Бразил и Аргентина доби неочекуван крај откако по само седум минути игра официјални лица од Министерството за Здравство на Бразил влетаа на теренот да ги отстранат аргентинските репрезентативци, Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Селсо кои настапуваат во англиското првенство.

Лионел Меси и селекторот Лионел Скалони беа први борци на теренот и бараа објаснување за овој несекојдневен инцидент.

„Ова е срамота, тука сме три дена и ништо не се случи“ , беа зборовите на Меси.

„Зошто не ги побараа во хотелот? Ова не требаше вака да се случи“, рече Скалони.

Останува нејасно како бразилските власти допуштиле спорните четворица од Англија да влезат и сега да се вадат дека „лажеле“, а најатрактивната светска лига и секој меч го има на сите светски телевизии, а преку интернет уште повеќе се достапни сите информации дали некој играл или не пред еден викенд.