Фудбал
Меси постигна гол, а потоа го соблече дресот и ги расплака фановите на Марадона
Фудбалерите на Барселона денеска на домашен терен ја совладаа Осасуна со високи 4:0. Со ова Каталонците дојдат до нова победа во Ла Лига вредна 3 бода.
Резултатот го отвори Брајтвајд во 29. минута од натпреварот, а пред самиот крај на првото полувреме, односно во 42. минута од натпреварот Гризман го зголеми водството на Барса на 2:0.
Во 57. минута од натпреварот Кутињо ја затресе мрежата на Осасуна и ја зголеми предноста на Барса на 3:0.
Барселона до четвртиот погодок стигна во 73. минута кога Лионел Меси постигна фантастичен погодок.
Меси тогаш го соблече дресот, а под него се наоѓаше дресот на Диего Марадона додека играше за Невелс Олд Бојс кој ги воодушеви сите.
Голот на Меси можете да го погледнете ОВДЕ .
