Connect with us

Фудбал

Меси пропушта најмалку 5 натпревари на Интер Мајами поради Копа Америка

Лионел Меси се подготвува за својата прва целосна сезона со Интер Мајами, откако пристигна во јули и за само неколку месеци му помогна на тимот да го освои Лига купот, постигнувајќи 10 гола во неговите први 7 натпревари.

Во МЛС, Аргентинецот учествуваше на 6 натпревари, а тимот заврши на претпоследното 14. место во Источната конференција.

Очекувањата за осумкратниот освојувач на „Златната топка“ се големи, но веќе е јасно дека тој ќе пропушти најмалку 5 од 34 натпревари во МЛС во 2023 година поради учеството на Аргентина на Копа Америка.

НАТПРЕВАРИТЕ МЕСИ ЌЕ ГИ ПРОПУШТИ

19. Коло: Филаделфија Унион (15. јуни)
20. Коло: Колумбус Кру (19. јуни)
21. Коло: Нешвил (29. јуни)
22. Коло Шарлот (3. јули)
23. Коло: Синсинати (6. јули)

Копа Америка ќе се одржи во САД во периодот од 20 јуни до 14 јули, па доколку светските шампиони играат во финалето, голема е веројатноста дека Меси покрај веќе избраните ќе биде надвор од теренот за мечот против Торонто на 17 јули.

Истото важи и за новото засилување на Интер Мајами, Луис Суарез, кој ќе го брани дресот на Уругвај во најпрестижното натпреварување во Јужна Америка.

Advertisement