Connect with us

Фудбал

Меси, Роналдо и Надал не треба да се пример за децата, тврди фудбалерот кој не успеа да создаде кариера каква што му предвидуваа (ВИДЕО)

Бојан Кркиќ некогаш важеше за голема надеж на Барселона и Шпанија. Сепак, неговата кариера не се развиваше како што сите очекуваа. Со години се лекуваше од депресија и анексиозност. Кркиќ во најавата за документарецот „Бојан Кркиќ зад насмевката“ објасни зошто луѓе како Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Рафаел Надал не треба да бидат примери за децата.

-Меси, Роналдо и Рафаел Надал не се вообичаени случаеви и тие не треба да се пример на младите. Тие се извонредни, тоа не е успеј, тоа е нешто што им се случува само на нив. Успехот може да се примени во различни сценарија. Тоа што тие го направија само создава притисок“, изјави Кркиќ и посочи пример.

Можеби е во право.