Connect with us

Фудбал

Меси се согласи да го продолжи договорот со ПСЖ

Откако го освои светскиот шампионат со Аргентина и со тоа стана најдобар фудбалер на сите времиња, Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ, пишува италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо. Наводно челниците на францускиот клуб се договориле со Меси за продолжување на договорот, но тој се уште не потпишал ништо. Не е одлучено колку 35-годишниот Меси ќе остане во клубот ниту колкава ќе му биде платата, пишува Фабрицио Романо.

Некои медиуми како француски Le Parisien пишуваат дека тој го продолжил договорот на уште една сезона. Актуелниот договор на Меси истекува на летото следната година, а се пишуваше дека после тоа може да замине во САД, односно Интер Мајами, но ништо нема од тоа, пишува Романо и наведува дека Меси никогаш не ни преговарал со Барселона, иако таа покажала интерес за негово враќање.

Меси речиси целата своја кариера ја мина во Барселона, од која минатата година во слободен трансфер замина во ПСЖ. За францускиот клуб одигра 53 натпревари, постигна 23 гола и забележа 29 асистенции. Минатата сезона го освои францускиот шампионат.