Фудбал
Меси се врати на тренинзите, спектакл во најава за вторник
Лионел Меси се врати на тренинзите, откако поради повреда пропушти два меча. Француските медиуми тврдат дека повредата е санирана и дека тој ќе биде во комбинација за следната пресметка. ПСЖ во вторник игра против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а секако тоа ќе биде спектакл, Меси против неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола. Двајцата со Барселона освоија се што можеше да се освои и во своите ветрини ставија голем број на пехари.