Фудбал
Меси си оди доколку ПСЖ биде елиминиран од Баерн
Аргентинецот Лионел Меси одлучи да не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен доколку Баерн го елиминира францускиот клуб во осминафиналето од Лигата на шампионите, пишува „Л’Екип“.
ПСЖ минатата недела беше поразен од Баерн со резултат 1:0, а реваншот е закажан за 8 март во Минхен. Меси пристигна во ПСЖ од Барселона во 2021 година, бидејќи каталонскиот клуб се најде во финансиски проблеми. Аргентинскиот фудбалер има договор со „светците“ до 30 јуни оваа година.
Раководството на ПСЖ сака Меси да остане во клубот, но „Л’Екип“ тврди дека тој ја прекршил волјата да си замине од Париз доколку „светците“ бидат елиминирани од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Меси не е најсреќен во Париз, бидејќи очекуваше да има подобри резултати со ПСЖ. Се разбира, главната цел е да се освои ЛШ. Преговорите беа во завршна фаза, но Меси се предомисли. Аргентинскиот фудбалер веќе реши да го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, но не сака со својата одлука да ја наруши и онака лошата атмосфера во соблекувалната. Постои шанса Меси да остане во Париз доколку ПСЖ ја освои Лигата на шампионите. Сепак, поблиску е да го напушти Париз отколку да остане“, наведува „Л’Екип“.
Некои медиуми претходно објавија дека постои можност Меси да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, Саудиска Арабија или пак да се врати во Барселона.