Connect with us

Фудбал

Меси: Срамота е да се игра на вакви терени


Аргентина покажа дека знае да победи и кога Лионел Меси игра лошо. Капитенот на Гаучосите беше речиси незабележителен на теренот во дуелот против Венецуела, но и покрај тоа, фаворитот славеше со 2:0 и се пласираше во полуфиналето на Копа Америка.
Следен ривал на Аргентина е домаќинот Бразил, меч кој е прогласен како финале пред финалето. Меси вели дека нема фаворит за овој дуел, а ѕвездата на Барселона не можеше а да не искоментира дека теренот на кој играле бил очаен.
„Сите учесници на Копа Америка имаат една цел, а тоа е да го освојат трофејот. Моја забелешка е тоа што терените се многу лоши. Вакво натпреварување не смее да се игра на вакви терени. Бразил? Тешко е да се каже кој е фаворит, само ќе потенцирам дека уште ја немате видено нашата најдобра игра“, рече Меси.
На дуелот против Венецуела, играчот на Аргентина Родриго де Паул, во еден момент мораше да дрибла и гулаб, кој беше на теренот.
 

.

Извор: Sportmanija.mk