Фудбал
Меси: Веднаш штом ги ставив рацете на ушите си реков-Каков идиот сум јас, ама нема враќање (ВИДЕО)
По шокантниот пораз од Саудиска Арабија (1:2), Аргентина лесно ја мина групната фаза, па во осминафиналето ја исфрли Австралија (2:1), а потоа и Холандија на пенали за да се пласира во полуфиналето, каде ја победи Хрватска со 3:0.
Мечот со Холандија беше посебен за Лионел Меси – повеќе од игра! Најпрво Молина ги доведе Аргентинците во водство, а Меси со гол зголеми на 2:0. А потоа се случи прославата на голот за која се зборува и денес – Лео истрча до клупата на Холанѓаните и го исмејуваше тренерот Луј Ван Гал, посочувајќи ги ушите во смисла „те слушам“ по силните критики што ги упати легендарниот Холанѓанец.
“Го прославив голот со рацете на уши и веднаш зажалив. Но, веќе беше доцна, нема бришење на времето и потезите. Штом го направив тоа, си помислив: “Каков идиот сум. Па, можат да изедначат и да победат. Израмнија да, но за среќа не победија“, изјави Меси во интервју за ESPN.
Меси беше во право, бидејќи Холанѓаните навистина се вратија во мечот, прво со гол во 83. минута, а потоа и со гол за продолженија во 11. минута од судиското надополнување. Во новите 30 минути немаше голови, а потоа Аргентина победи на пенали.