Connect with us

Фудбал

Меси влезе во негативна серија

Лео Меси дефинитивно не ужива во своите најдобри фудбалски денови, иако неодамна по седми пат ја доби Златната топка. Аргентинецот синоќа повторно не успеа да постигне гол, иако одигра цели 90 минути за ПСЖ во ремито 1:1 со Лориен во меч од 18. коло на францускиот шампионат.

Така тој веќе е во серија од пет последователни натпревари без гол во Лига 1. Против Лориен 34-годишниот напаѓач имаше 5 обиди за гол, но безуспешно. Во неговите 11 натпревари за ПСЖ досега, Лео Меси упати вкупно 43 удари кон голот, но постигна само 1 гол – против Нант (3:1).