Connect with us

Фудбал

Меси: Знаев дека бог е со нас

Лионел Меси и Маркос Рохо ги постигнаа головите за победа на Аргентина над Нигерија (2:1) во 3. коло од групата Д на Светското првенство во Русија

Чудо требаше да се случи за Аргентинците да се пласираат во осмина финалето, а тоа и се случи. Ја совлада Нигерија, Исланд изгуби од Хрватска и со тоа помина во следната фаза од натпреварувањето.

До 86. минута Нигерија беше втора, а потоа Рохо го постигна голот за победа на Аргентина, која претходно дојде во водство со голот на Меси уште во 14. минута од натпреварот.

За меси тоа беше првиот гол на Мундијалот, а по натпреварот истакна дека верувал во бог и знаел дека тој е со него и неговите соиграчи.

„Бевме уверени дека ќе победиме на овај натпревар. Чудесно е тоа што успеавме на овај пат, нашата радост е заслужена. Знаев дека бог е со нас и дека нема да не напушти“, кажа Меси.

Аргентина во четврток ќе ги одмери силите со Франција.