Connect with us

Фудбал

Месут Озил големо разочарување во Фенербахче

Доаѓањето на Месут Озил во Фенербахче привлече големо внимание во светот на фудбалот.

Озил конечно го напушти Арсенал и го засили истанбулскиот великан, каде веднаш се очекуваа големи работи.

Сепак, навивачите на овој клуб се повеќе покажуваат разочарување. Фенер загуби три од петте меча со него, паднаа на третото место на табелата и испаднаа од Купот.

Озил сè уште е без учинок. Навивачите не се задоволни, но поранешниот напаѓач на овој клуб Ридван Дилмен тврди дека Озил ќе биде вистински само следната сезона.

„Не ни очекував дека ќе стори нешто. Не е лесно да се игра фудбал повторно по 10 месеци. Ниту еден тим не е изграден околу него, но верувам дека сè ќе биде многу подобро следната сезона. Јас ја почитувам неговата посветеност“, рече Дилмен.

Ќе видиме како Озил ќе изгледа во дресот на Фенер до крајот на сезоната, но засега она што го покажува е многу слабо во споредба со угледот што го има во светот на фудбалот.