Connect with us

Ракомет

Металург ги започнува подготовките на 29 јули

Металург, под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ, подготовките за новата сезона ќе ги почне на 29 јули, кога е закажан првиот собир во Автокоманда. Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.

Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири, информираат од клубот.

Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август.

Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.

Извор: Дриблинг