Фудбал
Мигрант од Гана, до пред еден месец играч во „селска“ лига, а синоќа беше херој на Аталанта (ВИДЕО)
Аталанта ја совлада Болоња со 1:0 со голот на анонимецот Мустафа Елхаџи Сисе, кој синоќа дебитираше во тимот од Бергамо. Зад него е интересна животна приказна. До пред еден месец играл во „селска“ лига и бил бегалец, а сега за него дозна цела Европа.
Имено, тој е роден на 14-ти септември во 2003-та година во Конакри, Гвинеја. Во Италија дошол со брод кој пренесувал мигранти. Преку разни невладини и хуманитарни организации успеал да најде место во еден центар за азиланти и бегалци во Саленто, без родители по смртта на татко му и како малолетен.
По извесно време го прифатило едно семејство во градот Кармиано на 24 километри од Лече, каде почнал да тренира фудбал за тимот под името Ренесансни Бегалци (Rinascita Refugees).
Но, немал документи, па немал право за настап. Во аматерскот клуб играл од почетокот на пандемијата, па досега. Но, со оглед на тоа дека Аталанта имала проблем со напаѓачите, испратиле свои скаути во потрага по решение. Го гледала Мустава Ел Хаџи Сисе, кој ги воодушевич. По неколку проби ги задоволил вкусовите на луѓето од Аталанта. Откако ги решиле сите административни пречки, тој на почетокот на февруари почнал да тренира и да игра во младинскиот погон на Аталанта.
На мечевите во младинската лига, против екипите на Наполи и Милан тој едноставнo блеснал и постигнал три голови. Поради тоа, Гасперини одлучил да го повика за првиот тим по само три одиграни меча во младинскиот погон. Па, така синоќа против Болоња доби можност во 65-та минута, влезе на местото на Муриел, а потоа на осум минути до крајот на мечот постигна гол и донесе победа на Аталанта.