Connect with us

Фудбал

Михтаријан: Се чувствувам многу подобро во Рома

Објавено:

Хенкрих Михтаријан летово пристигна во Рома на позајмица од Арсенал. Одличниот деванзивец имаше доста проблеми со повредите откако пристигна во Рим, но кога започна да игра константно, почна да го покажува и својот квалитет.

Рома би го откупила договорот на Мхитарјан од Арсенал со задоволство. Сепак, бидејќи офанзивниот играч играше одлично пред да се прекина натпреварувањето, „Топџиите“ веројатно ќе размислат да го вратат во „Емирати“.

Едно е сигурно, се чини дека Михтаријан го „сака“ начинот на игра кој го претпочита тренерот на Рим, Пауло Фонсека.

„Кога бев во Арсенал, тренерот од мене бараше различни работи, луѓето очекуваа нешто поразлично од тоа што е овде“, изјави Мхитарјан за „Тајмс“ и продолжи:

„Филозофијата на Емери (поранешен тренер на Арсенал) беше различна од онаа на Фонсекиа, но тука се чувствувам многу подобро бидејќи играм подобар фудбал, фудбал што ми одговара“.

„Го преферирам фудбал на Фонсека, бидејќи играме многу офанзивно, се обидуваме постојано да бидеме во посед на топката. Секако дека го сакам тој вид игра“, истакна Ерменецот.

Дали Михтаријан сака да остане во Рома?

„Не можам да кажам ништо сега, бидејќи сезоната е запрена, не знаеме дали ќе продолжиме да играме или што ќе се случи во текот на летото … Фудбалот се менува многу брзо. Еден ден сте тука, другиот сте таму. Никогаш не знаете што ќе се случи“, рече Мхитарјан.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com