Connect with us

Други спортови

Мик Шумахер дебитираше во Формула 1

Sвездата на Ред Бул, Макс Верстапен, имаше најдобро време на својот прв слободен тренинг пред неделното ГП на Абу Даби, последната трка во 2020 година во Формула 1.

Холанѓанецот го извозе најдобриот круг на патеката долга 5554 километри за 1:37,378 минути.

Верстапен славеше пред Финецот Валтери Ботас, кој водеше долго време, но на крајот Верстапен заврши пред него.

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, денес дебитираше како главен возач на американскиот тим Хас за 2021 година.

Синот на легендарниот седумкратен светски шампион, кој ја освои титулата во Формула 2 пред неколку дена, возеше на првиот тренинг наместо Кевин Магнусен во заминување. Заврши на 18-то место.