Други спортови
Мик Шумахер во Мерцедес како резервен возач за 2023 година
Мик Шумахер му се приклучи на Мерцедес за кој ќе биде резервен возач во 2023 година!
„Мик ќе игра важна улога во развојот на W14. Тој ќе учествува во постојана работа со симулатори во текот на годината додека сакаме да се вратиме на врвот по предизвикувачката мината сезона. Покрај сета работа надвор од патеката, Мик во новата улога ќе биде присутен на сите трки, а ќе има и маркетинг обврски во текот на целата година.
Мик доаѓа во нашиот тим по две години поминати во Хас. Започна на 43 трки и во 2022 година ги освои првите поени на Големата награда на Британија. Една недела потоа беше шести во Австрија, што е најдобар резултат во неговата кариера“, велат од Мерцедес.
Хас и Шумахер се разделија на крајот од неодамна завршената сезона, а уште потоа можеше да се погоди каде младиот возач ќе ја продолжи кариерата бидејќи Тото Волф изјави дека би сакал да го види во Мерцедес.