Connect with us

Фудбал

Микел со јасна порака до Далиќ и Хрватска

Во групата Д на Светското првенство во Русија, сигурен патник во осмина финалето е селекцијата на Хрватска, додека другиот патник ќе биде познат во последното, трето коло.

Нигерија со победата над Исланд дојде во ситуација сама да одлучува за пласман во осмина финалето доколку ја совлада Аргентина, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе мора да го чека резултатот од натпреварот Хрватска – Исланд. Златко Далиќ најави дека на натпреварот против Исланд ќе му даде шанса на резервистите, а тоа му засмета на Нигеријците.

Посебно во „критиките“ на планот на Далиќ се истакна Џон Оби Микел.

„Ова е голем турнир, не мислам дека тоа е добар потег. Не можете да ги одмарате играчите и да загрозите нечиј пласман. Хрватска мора да биде професионална и да игра со најдобрата екипа“, беше јасен Микел.

Натпреварите Хрватска – Исланд и Аргентина – Нигерија, ќе се одиграат за три дена.

Хрватска по две одиграни кола има освоено шест бода, Нигерија три, а Исланд и Аргентина по еден.