Фудбал
Милан договори се со Челзи, пристигнува ново засилување на Сан Сиро
Фикајо Томори се очекува во наредните денови да пристигне во Италија и да го комплетира преминот во редовите на Милан.
Скај Спорт тврди дека работата е завршена до најмалите детали и дека Томори дефинитивно ќе биде на „Сан Сиро“.
Договорот е дефанзивецот да биде позајмен на „росонерите“ до летото, кој ќе има опција да го откупи неговиот договор.
Мохамед Симакан од Стразбур беше првата опција на Милан, но тој се повреди, а покрај тоа го избра Лајпциг пред Милан, па италијанскиот великан се сврте кон Томори.
23-годишниот роден во Канада има еден настап за Англија, но тој не доби шанса на „Стемфорд Бриџ“ и настапи само на четири натпревари оваа сезона, додека во Милано сметаат дека ќе биде исклучително важен во ротација и во борба за титулата или во најлош случај во Лигата на шампионите.
Со оглед на тоа што Милан покрај Серија А игра и во Купот и во Лигата на Европа, ќе мора да имаат исклучително широк кадар на фудбалери за да ги надминат сите пречки. Да потсетиме, Милан веќе го ангажираше играчот за врска на Торино, Суалих Меите, а се очекува и доаѓањето на искусниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ.