Фудбал
Милан и Интер остварија победи и ја продолжија трката за првото место
Милан денес го победи Сасуоло на гости со 1:2 во мечот од 13. коло во Серија А, додека нивниот градски ривал Интер беше подобар од Специја со ист резултат.
Росонерите поведоа на неверојатен начин, бидејќи погодија во шестата секунда од натпреварот. Чалханоглу беше асистент, а голот за предност на Милан го постигна Рафаел Леао.
Така, Леао влезе во историјата на Серија А бидејќи тоа беше најбрзиот гол досега во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал.
По предноста, Милан продолжи со одлична игра и се исплатеше. Гостите успеаја да ја удвојат предноста во 26. минута. Хернандез асистираше, а мрежата на Сасуоло овојпат ја тресеа Саелемаекерс.
Росоњерите ја задржаа својата предност на овој натпревар, но Сасуоло успеа да ги искомплицира работите во самиот финиш. Домашниот тим намали на 1: 2 во 89. минута преку Берарди, и се обиде со сите сили да стигне до реми. Но, Милан успеа да издржи и го напушти стадионот „Мапеи“ со три бода.
Милан остана прв на табелата со 31 поен, додека Сасуоло е шести со 23 поени.
Нова победа оствари денес Интер, кој славеше со 2: 1 на Меаца против Специја. Интер поведе во 51. минута со голот на Хакими, а 20 минути подоцна од пенал резултатот го зголеми Лукаку на 2:0. Конечните 2:1 ги постави Пиколи во 94. минута.
Со оваа победа Интер остана на второто место и има само еден бод помалку од Милан, додека Специја е на 17. позиција со 11 бода.
Во истиот термин Беневенто славеше против Џенова со 2:0, а Каљари и Удинезе одиграа 1:1.