Connect with us

Фудбал

Милан извлече бод против Сампдорија со гол во финишот на мечот

Во првиот натпревар од 26. коло од Серија А, Милан беше домаќин на Сампдорија и на крајот со голема мака стигна до бодот (1:1).

Милан го поздрави дуелот на „Сан Сиро“ како фаворит, но „росонерите“ разочараа. Одиграа очајно и скоро не сериозно им се закануваа на гостите, кои постигнаа еден гол, но не успеаја да го зачуваат водството.

Еден од најважните моменти на натпреварот се случи во 57-та минута, кога најдобриот играч на Милан, Тео Хернандез, по грешка му ја додаде топката на Фабио Кваљарела, а потоа го лобовираше Донарума.

Набргу потоа, Сампдорија остана со десет бидејќи Силва го доби вториот жолт картон. Следуваа жестоки напади на домашниот тим, но храбрата Сампдорија добро се бранеше.

Сепак, на самиот крај на мечот, резервистот Хауге успеа да ја затресе мрежата на гостите и да им донесе барем бод на црвено-црните. Во судиското надополнување, малку фалеше за вистинска драма, Кеси за малку ќе станеше херој, но погоди статива.

Милан останува втор со 60 бода, но водечкиот Интер има пет бода повеќе и натпревар помалку, бидејќи вечерва гостува кај Болоња. Милан веќе подолго време не е брилијантен, но ја продолжува својата борба за Лигата на шампионите.