Connect with us

Фудбал

Милан купува напаѓач за 50 милиони евра

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид имаше фантастична сезона и е на мета на многу европски гиганти. Најсилен интерес за напаѓачот покажува Милан, кој ќе се обиде да го привлече веќе во јануари.

Дејвид одлично ја започна сезоната постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции во првите седум кола, а Лил сака 50 милиони евра за да го продаде.

Милан е во потрага по напаѓач бидејќи Оливие Жиру е во фудбалска зрелост, а Дивок Ориги има проблем со повреда, па главна цел ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Милан веќе стапил во контакт со агентот на Канаѓанецот, но Лил веројатно нема да сака да го пушти да замине на полусезона, па многу поверојатно е следното лето да пристигне на Сан Сиро.