Connect with us

Фудбал

Милан му краде на Баерн уште еден супер талентиран играч

Баерн и Милан водат борба за играчот на Штутгарт Озан Кабак, а „Росониерите“ според последните гласини се поблиску до потписот на 19-годишниот Турчин.

Меѓутоа, според наводите на италијанските и германските медиуми, тоа не е единствениот играч за кој се борат овие два клубови.

Фудбалерот на Киево Емануел Вигнато исто така се наоѓа на радарот на германскиот и италијанскиот клуб.

Како и во случајот со Кабак, Милан има предност и веќе минатата недела започнаа преговори околу доаѓањето на младиот Италијанец на „Сан Сиро“.

Сепак, во трката се вклучи и Баерн, а Киево наводно сака да добие 10 милиони евра за младиот талентиран играч кој веќе одигра 10 натпревари во Серија А и постигна еден гол.

Договорот на Виганато истекува за година дена и Киево најверојатно ќе се согласи на продажба на својот играч кој наводно изрази желба да остане во Италија. Исто така Наполи и Јувентус се заинтересирани за младиот Италијанец.