Connect with us

Фудбал

Милан најде замена за Златан Ибрахимовиќ

Напаѓачот на Вест Хем, Џанлука Скамака би можел да се врати во Серија А.

Како што тврди „Todofichajes“, Милан е заинтересиран за трансфер на 24-годишниот фудбалер. Раководството на „миланезите“ е во потрага по замена за 41-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

Фудбалерот игра за Вест Хем од летото 2022 година. Неговиот трансфер се проценува на 27 милиони евра.

Во тековната сезона Џанлука оваа сезона одигра 16 натпревари во Премиер лигата и постигна три гола.