Connect with us

Фудбал

Милан принуден на потег без преседан: Чудо од дете (15) со повеќе од 500 гола вклучено во првиот тим за мечот со Фиорентина

Младото чудо од Милан, Франческо Камарда (15) ќе биде префрлен во сениорскиот тим на „росонерите“ за претстојниот натпревар против Фиорентина, што е епилог од бројните повреди што го зафатија седумкратниот европски првак.

Оливие Жиру е суспендиран, Рафаел Леао и Ноа Окафор се повредени, па Милан останува само со Лука Јовиќ во нападот за дербито против Фиорентина. Десет дена се пишуваше дека 15-годишниот Франческо Камарда би можел да добие можност, а според италијанските медиуми од денеска тоа е потврдена работа.

Камарда со години пишува историја во младинските тимови на Милан. До 14-годишна возраст, тој постигна 500 гола за Росонерите, постигнувајќи во просек по 5,5 гола по натпревар и како резултат на тоа, се најде на насловните страници. Изненадувањето веќе беше што тој беше префрлен во јуниорскиот тим на само 15 години, но таму продолжи да се истакнува и е најдобар стрелец во младинската Лига на шампиони, иако се натпреварува со играчи кои се четири години постари. Против ПСЖ постигна гол со ножички во Лигата на шампионите, а против Њукасл постигна хет-трик.