Connect with us

Фудбал

Милан продава влезници за по 1 евро, очаен потег или?!

Милан ќе се бори за Скудетото до крајот на сезоната, прво по 2011 година.

Властите во Италија одлучија дека 75% од стадионите може да се полнат со натпревари, а клубовите се надеваат на добро исполнети трибини на нивните стадиони.

Во петок од 18:45 часот Милан го пречекува Удинезе, а на стадионот Сан Сиро ќе може да присуствуваат точно 56.904 гледачи.

Неколку дена пред натпреварот, Росонерите се решија на очајнички потег само за да привлечат што повеќе навивачи.

Имено, билетите за дури 11 сектори на стадионот на Милан ќе можат да се купат по 1 евро, што е навистина симболична сума.

Клубовите во најсилните лиги се надеваат на полни стадиони за да заработат огромни пари, но бидејќи на Росонерите им недостасуваат навивачи на трибините за подобра поддршка, тие се одлучија за симболична цена од 1 евро.

Милан минатиот викенд одигра само 2:2 против Салеренитана, но остана прв благодарение на изненадувачкиот пораз на Интер од Сасуоло (0:2).