Connect with us

Фудбал

Милан се засили со бекот на Рома

Италијанскиот репрезентативец Алесандро Флоренци е нов фудбалер на Милан. Тој доаѓа од Рома, а според информациите ќе биде на едногодишна позајмица, со можност „Росонерите“ да го откупат договорот на десниот бек.

За позајмицата Рома ќе плати еден милион евра, а за целосен откуп би требало да платат уште четири милиони.

Минатата сезона Флоренци беше на позајмица во ПСЖ.