Фудбал
Милан сериозно заинтересиран за Елиф Елмас, дава своја ѕвезда само да го добие македонскиот „дијамант“
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е меѓу првите и најголемите желби на листата на спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини. Ова го пишуваат италијанските медиуми, а наводно Малдини веќе прашал во Наполи за тоа дали Елмас е достапен и за која цена. Наводно обештетувањето е околу 35 милиони евра, но Малдини е подготвен во оваа зделка да вклучи една од ѕвездите на тимот, поточно Анте Ребиќ.
Елмас има договор со Наполи со јуни 2025 година и годишна плата од 1,5 милиони евра, а сезонава во сите конкуренции одигра 38 меча.