Connect with us

Фудбал

Милан тргнува по Инсиње, достапен за само 20 милиони евра

Лоренцо Инсиње по завршувањето на Европското првенство би можел да го напушти својот матичен клуб Наполи.

Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока.

Тој влезе во последната година од договорот, па Наполи е спремен да го продаде ова лето за да не го загуби без обештетување.

Целата ситуација сака да ја искористи Милан бидејќи Малдини е голем симаптизер на играта на Инсиње.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ можат да го донесат Инсиње за 20-25 милиони евра и во моментов му нудат за еден милион поголема плата од тоа што му нуди Наполи.