Фудбал
Милан утре против Интер без неколку важни играчи
По тешкиот пораз од Аталанта во Серија А, Милан се свртува кон Купот и четвртфиналната пресметка со Интер.
Градското дерби се игра на „Сан Сиро“ утре вечер и победникот ќе се пласира во полуфиналето. Бидејќи нема реванш, тие ќе играат 90 минути, а доколку има нерешено, продолженија и евентуално пенали.
Ќе биде судир на градските ривали и во моментов најдобрите екипи и најдобро пласираните во Серија А Милан веќе некое време има проблеми со играчкиот кадар, па утре тренерот Стефано Пиоли не може да смета на многу важни играчи.
Во најавата за натпреварот тој потврди дека ги нема Хакан Чалханоглу и Исмаил Бенакер, но дека Марио Манџукиќ, Сандро Тонали и Калулу се сомнителни, додека Џиџи Донарума е суспендиран.
„Ние сме постојано во конкуренција на куп и сакаме да го освоиме. Немавме среќа при ждрепката, но ако сакате да го освоите турнирот, мора да се соочите со сите, порано или подоцна “, рече Пиоли.
Пиоли за Милан ТВ изјави дека сè е можно токму затоа што се игра 90 или 120 минути, односно се е решено на еден натпревар.