Connect with us

Фудбал

Милер: Барса ми е претплатник, беше забавно

Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер не го криеше своето високо расположение по победата од 3:0 над Барселона во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Така, Баварците завршија со полн актив, додека нивниот каталонски ривал ќе продолжи да учествува во Лигата на Европа, бидејќи заврши на третото место.

Мулер го постигна својот осми гол против Барселона, што го наведе да ги идентификува Каталонците како негови претплатници.

„Се чини дека Барса е мој претплатник. Игравме добро, иако не беше се совршено. Кога играш против Барселона, секогаш е тешко затоа што се обидуваш да притискаш и да притискаш. Но, генерално, беше забавно“, рече Мулер.