Фудбал
Милевски: Добивме убава „шлаканица“
Македонската фудбалска репрезентација со пораз ја затвара годинава. Нашата репрезентација беше поразена во Скопје од Азербејџан со 1:3.
На прес-конференцијата по натпреварот селекторот Милевски зборуваше за натпреварот и истакна дека добивме убава „шлаканица’
„Би сакал да му честитам на противникот за победата и одличниот натпревар. Што се однесува до нас и тоа како ќе ни послужат овие натпревари. Ако од нешто бев задоволен со Финска, на денешниот натпревар имаше некои позитивни работи само во првото полувреме додека не го примивме голот. Од друга страна, мора да сум искрен, ова е една убава „шлаканица“ за сите нас и мора да си го ставиме прстот на чело и да се замислиме сите добро како и колку го почитуваме македонскиот дрес. Тука почнувам јас од себеси, па до сите членови на тимот.
Ако може да има нешто позитивно од сето ова, добро е што таа шлаканица дојде сега. Фудбалски не се сомневам дека ќе бидеме спремни, но мора да се спремиме во своите глави дека нема лесни противници дека нема лесни противници и дека во фудбалот нема импровизации. Мора да имаш прво самопочит, кон самиот себе, почит кон она што го носиме тука сите од нас, за да се може да се почитува моментот што си член на Македонија.
Признавам и крајно време е да се свестиме. Ме загрижува фактот дека се уште немаме замена за оние седум стандардни фудбалери кои ни недостасуваа денес, а сите оние кои се надоаѓање треба повеќе за да се биде конкурентен за она кое не очекува. Ние сме истите кои ги радувавме сите во минатите месеци и години, значи дека кај нас е проблемот и мора да го поправиме тоа“, изјави Милевски по натпреварот.
Првиот натпревар следната година, Македонија го игра на домашен терен против Малта во рамки на квалификациите за ЕП, а натпреварот е закажан на 23 март.