Connect with us

Фудбал

Милевски: Горд сум на овие момци (ВИДЕО)

По мечот во Порто со свое видување излезе и селекторот на нашата селекција Благоја Милевски кој посочи:

„Криво ми е што така ги примивме головите. Во целина треба да бидам задоволен од пристапот, но, секако, не сум задоволен од резултатот“, кажа Милевски.

„Јас сум задоволен и горд на овие фудбалери, жалам што примивме голови кога доминиравме, но грешките се составен дел од играта, но и кога примивме голови не отстапивме од организираноста. Мислам дека бевме достоен ривал и само вакви мечеви како овој можат да ни помогнат да се доближиме до врвот. Ова е пораз кој ќе ни служи како мотивација“.

„Честитки за Португалија, знаев дека по мечот со Италија нема да можеме физички да се носиме со Португалците, па свесно сакавме да ги одалечиме од нашиот гол“.

  • Прес конференција по завршување на натпреварот