Connect with us

Фудбал

Милевски: Ја добивме најтешката група во историјата, но се уште сме живи

Македонската фудбалска репрезентација со 2:0 ја совлада репрезентацијата на Малта и ја запиша втората победа во квалификациите за европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот ја анализираше играта и испрати честитки до фудбалерите на двете репрезентации.

„Честитки за нашите фудбалери, но честитки и до Малта што уште еднаш покажа дека се добро организиран тим што покажа во овие цели квалификации. Имавме уште неколку шанси за гол, за мене најважен е пристапот и секако победата. Ја добивме најтешката група во историјата, и натаму сме активни, се уште сме живи, ќе видиме што ќе ни донесе ова после Малта“.

„Да бидам искрен и натаму сме далеку да бидеме рамо до рамо со големите репрезентации, но работиме да одиме кон тоа. Имавме исцрпувачки натпревар со Италија, да не го споменувам теренот на кој момците вложија надчовечки напори и денеска за да бидат во функција на тимот. Малта е повеќе од сериозен противник“, изјави Милевски.

„При тие транзиции на противникот, иако на тој план сме напреднати, и 70-80% од головите во квалификациите кои ги примивме ги примивме од транизција во противник, но одиме кон подобро и во тој сегмент“, вели Милевски.