Фудбал
Милевски: Ние сме мала држава, имаме цели за иднината и на добар пат сме
Македонската фудбалска репрезентација направи голам сезнација синоќа со победата над Италија,
По пристигнувањето на репрезентацијата во Македонија, селекторот Благоја Милевски најави дека нема да недостига мотивација против Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар
„Притисок секогаш ќе има, но и мотивот (за победа) секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме да победиме, изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.
„Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат“, изјави Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден.