Фудбал
Милевски пред мечот со Лихтенштајн: Да не се водиме од статистиката, овој меч ќе биде поинаков
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во пресрет на квалификацискиот меч против Лихтенштајн на гостински терен вели дека е убеден дека ќе ја оправдаат фаворитската улога. Сепак, додава дека не треба да се водат од статистиката, туку таа улога да ја оправдаат на теренот.
-Лихтенштајн на последните мечеви, како со Германија и Романија, а посебно со Ерменија покажа дека е селекција која е цврста, која има исклучително тактичка дисциплина, вели Милевски, притоа додава:
-Нема никаква формалност, мора да бидеме на највисоко ниво за успешен резултат. Овој меч ќе биде поинаков од сите претходни, не треба да се базираме на статистиката. Нема притисок за тоа што сме фаворити, ама од тоа што го видов на тренинзите од концентрацијата и мотивацијата кај фудбалерите, уверен сум и верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога на утрешниот меч, вели Милевски.