Ракомет
Милосављев се раздели од Вардар: Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на овој свет
„Една година во мојот живот во еден од најголемите клубови на светот. БЛАГОДАРАМ ВАРДАРЕ, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која ми даде многу и направи од мене да бидам тоа што сум! Благодарност до луѓето кои кои направија да се чувствувам убаво и сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на овој свет“, напиша Милосављев.