Connect with us

Ракомет

„Министерот за одбрана“ од понеделник во Вардар

Тренерот на РК Вардар Стевче Алушовски веднаш по мечот и поразот од Монпелје на пресконференцијата потврди дека Вардар ќе добие две засилувања. Се работи за македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, или популарно познат кај навивачите „Министер за одбрана“, а второто засилување е Марко Машевски.

Двајцата ракометари се очекува да се придружан на тренинзите од понеделник, и ќе бидат во ростерот за мечевите во Сеха Лигата и за осминафиналето во ЛШ.