Фудбал
Мируваат мрежите во Варшава – Македонија не се откажува
Мрежите во Варшава мируваат, ниту Полска ниту Македонија во првите 45. регуларни минути не успеаа да постигнат гол.
Иако статистиката е нешто повеќе на страната на домаќинот, Македонија и не е така лоша, имавме неколку срамежливи обиди, а еден од најопасните беше ударот на Џани Алиоски во 32 минута од слободен удар кога Шчешни ја одби топката. Полјаците беа нешто по амбициозни но Столе Димитриоски беше на висина на својата задача во првиот дел.