Фудбал
Мистеријата решена, Лукаку откри зошто не го прими сребрениот медал во Лига Европа
Белгискиот напаѓач не реализираше зицер при 2:2 и потоа топката се одби од него пред Севилја да поведе со 3:2, па корпулентниот Белгиец беше до толку разочаран од конечниот епилог, што дури не сакаше да го прифати утешниот медал од Лига Европа.
„Во Интер играме со двајца напаѓачи. Животот во Италија ми одговара, да знаев дека ќе ми биде вака, ќе дојдев тука порано. Не сакам кога губиме, минатата сезона тоа ни се случи. Конте е гласен но јас го почитувам. Мислам дека сме слични со Конте, и двајцата не сакаме да губиме.“ – вели Лукаку.
Во разговорот, Лукаку сепак не крие дека е премногу задоволен од својот престој во Милано и Италија, бидејќи смета дека Серија А е вистинското место за него.
– Италија навистина прилега на мојот животен стил. Ако го знаев тоа, ќе дојдев порано тука. Во Интер играме со двајца напаѓачи и тоа ми прилега, имам одличен однос со тренерот. Со Конте сме речиси исти. Јас и тој мразиме да губиме, – потенцира Лукаку.