Connect with us

Фудбал

Митома и Брајтон се ноќната мора на Ливерпул – Сезоната во Англија е осудена на пропаст

Фудбалерите на Брајтон го елиминираа Ливерпул на стадионот Амекс, победувајќи го со 2:1 (1:1) и се пласираа во 5. коло од ФА Купот.

Уште еднаш оваа сезона – не беше досадно кога се сретнаа Брајтон и Ливерпул. Можеби тимот на Де Зерби не можеше да игра со својот ривал како минатиот пат кога се сретнаа (3:0 за Брајтон), но беше интензивно и интересно.

Почетокот му припадна на Ливерпул, кој преку Мохамед Салах рано можеше да поведе, но реакцијата на Луис Данк ги спречи „црвените“ да слават. По првичната иницијатива на гостите, центарот на гравитација се промени, па Брајтон набрзо се најде во идентична ситуација, но Александер-Арнолд го спаси денот.

Ливерпул бараше простор меѓу редовите на Брајтон, додека планот Де Зерби сакаше да ги искористи крилата, главно Митома, за да дојде во ситуација да се закани.

По половина час игра, Салах доаѓа до топката со која го проигра Харви Елиот, а овој станува стрелец во вториот последователен натпревар во ФА Купот. Спорно беше дека Наби Кеита играше со рака на стартот од акцијата, но проценката на судиите беше дека немало намера и дека не си помогнал на тој начин.

Но, пред да оди на пауза, имаше одговор. Прекин за домашните, одбиена топка во зоната на шут во која налетува Тарик Лампти. Неговиот удар го погоди Данк, го смени правецот и го измами Алисон.

Клоп не сакаше да се повтори сценариото од минатото коло кога одиграа два меча со Волвс. Ги внесе во игра Дарвин, Хендерсон, Фабињо, Милнер… Сепак, ништо од тоа не вроди со плод. Ливерпул беше безопоасен, едноставно не се разбираа на теренот со многу грешки во креирањето и додавањето на топката. Алисон неколку пати имаше одлични одбрани на голот, но во 92. минута не успеа.

Брик од десната страна до втората статива, Еступињан излезе од офсајд, ја испрати топката на спротивната страна, каде ја прими Каору Митома, кој ја мами целата одбрана на ривалот и ја затресе мрежата за ерупција на „Амекс“.

На овој начин Ливерпул и оваа сезона ја има Лигата на шампионите, бидејќи нема шанси да го освои трофејот во Премиер лигата.