Ракомет
Митревски одличен, ја реши и дилемата на Порто
Македонскиот репрезентативец Никола Митревски одличен во вчерашниот натпревар кој го одигра Порто на гостување во Мадеира. Одлично прво полувреме имаше битолчанецот, а ја реши и дилемата на Порто.
За 30 минути поминати на терен, Митревски имаше дури 11 интервенции. Порто на крајот славеше со 22:19 (7:14) и продолжува со одличните настапи во шамионатот.
Порто последните пет натпревари во шампионатот постојано победува и е прв на табелата со 18 бода, но исто толку имаат и Бенфика и Спортинг.
Во Лигата на шампиони пак, Порто е во група со Вардар. Таму запиша два порази и една победа во првите три натпревари.