Connect with us

Тајмаут

Млада бразилска ѕвезда (17) и нова инвестиција на Реал, подготвува свадба со манекенка која е постара од него, родителите го советуваат да не се занесува

Младата бразилска фудбалска ѕвезда Ендрик има само 17 години, но веќе подолго време ги полни насловите на светските медиуми бидејќи сите го гледаат како предводник на тимот на Реал Мадрид во следните две децении.

Ендрик сега се најде во центарот на вниманието бидејќи медиумите во Бразил пишуваат дека тој наскоро планира да се ожени со манекенката Габриели Миранда, која е три години постара од него.

Како што пишува Jornal Extra, Ендрик и Габрили наскоро планираат венчавка, иако родителите на младиот фудбалер го советуваат да се „смири“ и да размисли за овој потег бидејќи се уште не е полнолетен. Фактот што манекенката баш и не одобрува преселба во Европа, каде што бразилскиот фудбалер мора да избрза бидејќи потоа ќе премине во Реал Мадрид, веќе е проблем за Ендрик.

Advertisement